Две прилепчанки краделе во Струга – Фатени на дело

news
Advertisement

Приведени две жени од прилепско поради кражба во објект во Струга

Advertisement

Полициски службеник / Фото: Архива
Охридската полиција вчера фатила двајца крадци при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Одземеното било вратено на сопственикот, а против крадците ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
– На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.