Две суспензии во АНБ, потфрлил секторот за стратешка соработка со НАТО за Онишченко

news
Advertisement

Началничка во секторот за стратешка соработка со НАТО службите во АНБ и вработен во истиот сектор засега се единствени виновници на кои им се подготвува суспензија, тврдат за Телма добро информирани извори. Низ нивни раце поминала безбедносната проверка на контроверзниот Олександр Онишченко кој како коњаник-спортис со полни бисаги обвиненија за корупција и противуставни дејности успешно ја минал контролата на македонската тајна служба. Тие дале позитивно мислење за бараното спортско државјанство за Онишченко, тврделе дека за контроверзниот Украинец контактирале со пријателските служби на држави од НАТО иако тоа никогаш не го сториле тоа. Станува збор за двајца искусни агенти, началничката дури била повеќе години началник на таканаречената 4-та управа во УБК, односно секторот за аналитика во тајната полиција во време на Сашо Мијалков. Вториот агент подготвен за суспензија има долг стаж во службата и потекнува од семејство кое и пред него имало вработени во разузнавачките агенции во државата.

Advertisement

Суспензијата ќе оди преку дисциплинска комисија формирана во АНБ затоа што нивната внатрешна контрола нема избрано раководител по законски пат. Поради тие пропусти, внатрешната контрола не може да го истражува скандалот и раководителот да потпише соодветен извештај.

И во таква ситуација, владата на затворена седница ќе расправа за одговорноста за скандалот, а и на министрите ќе им реферира директорот Виктор Димовски кој е предложен за амбасадор во Франција. Амбасадорската позиција ќе зависи многу од откритијата на истрагата во АНБ, но со сигурност нема да биде директор на тајната контраразузнавачка агенција. Премиерот кој треба да го каже името на наследникот на Димовски најави дека тоа ќе биде познато за 24 дена.

За Димовски уште на крајот на јули биле подготвени агреманите за амбасадорската функција во Париз, а првиот обид да биде избран нов директор на АНБ бил на почетокот на октомври поради роковите во постапката за дипломатски назначувања. Било подготвено и име, но според изворите на Телма, изборот пропаднал поради коалициски проблеми. Имало тројца кандидати од внатре, од АНБ, но сите се на началнички позиции во агенцијата низ чии раце минала и безбедносната проверка на Онишченко. Но, никој во клучните сектори на АНБ не ги открил контроверзните детали во биографијата на Онишченко- корупцијата, финансиските злоупотреби, лажните информации, обвинувањата за предавство во корист на Русија и присуство на американската црна листа.

Миомир Серафиновиќ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.