Девојче добило струден удар од конструкцијата на новогодишниот украс во Струга

news
Advertisement

За девојче од Струга синоќешната прошетка низ центарот на Струга и семејното фотографирање можело да биде кобно. Девојчето ја ставило раката на металната конструкција од новогодишниот украс „2024“ за да се фотографира. Но во тој момент добило струен удар, но за среќа без посериозни последици, јавува ВОКС Струга.

Advertisement

Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен во полиција.

Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните. Настанот се случил синоќа околу 22:30 часот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.