Девојче загинало во несреќата во Илинден – потврдија од противпожарната бригада

news
Advertisement

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески потврди за „А1он“ дека во несреќата во Илинден има починато лице.Има загинато лице, според првични информации од струен удар на вагон“ вели Томески за „А1он“.

Advertisement

Инцидентот кој се случил доцна вечерва околу 21 часот во полиција го пријавил С. К. Кој кажал дека во населба Илинден кај железничката станица, од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато се вели во првичната информација од МВР.

Сепак МВР немаа потврдена информација за починато лице, освен кажувањето на малолетниците дека на местото има починато малолетно женско лице.

На терен веднаш биле повикани противпожарната бригада, брза помош, а се упатиле и полициски службеници за расчистување на случајот.

Идентитетот како и точната причина за смртта ќе се утврдуваат дополнително.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.