Девојче се шокирало кога ја видело својата фотографија на кутија од млеко: Потоа ја открија морничавата вистина

news
Advertisement

Бони Ломан на 7 години се шокирала кога еден обичен ден ја здогледала својата фотографија на кутија од млеко. Таа не можела ни да претпостави дека причината која се крие зад оваа фотографија е морничава.

Advertisement

Имено, Бони била киднапирана на 3 години. Нејзиниот татко со години ја барал, се ангажирал на сите можни начини, што ја вклучувало и нејзината фотографија во кампањата „Исчезнати деца на кутија млеко“.

Нејзините киднапери всушност биле нејзината мајка и очув, а на 7 години, Бони не се сеќавала на својот татко или на киднапирањето.

Сакала да ја задржи кутијата, откако еден ден ја забележала додека заминала на пазарување со очувот. Тој се согласил на тоа под услов да ја скрие.

Меѓутоа, соседите ја откриле вистината откако Бони случајно ја оставила кутијата со вреќата играчки во нивната куќа. Ја повикале полицијата и Бони повторно се сретнала со татко ѝ.

„Не ме киднапирале странци. Ме киднапираа луѓето кои ме сакаа. А, да не беше кутијата тој ден во продавницата – можеби никогаш не би ни дознала“ – кажала подоцна Бони.

Инаку, оваа кампања ја развил Националниот совет за сигурност на деца во САД, за да се подигне свеста за исчезнатите деца. И покрај зголемувањето на јавната свест, ова не секогаш било успешно. Оттогаш е заменета со системот „Amber Alerts“.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.