КЗБ очекува до крајот на неделата да има разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници кој одбива да се тестира

news
Advertisement

Нема простор за паника, бидејќи не се очекува никаков драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, велат од Комисијата за заразни болести.

Advertisement

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи од кои пациентот од Кичево одбива да се тестира, а мигрантот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски денеска во изјава за медиумите посочи дека на пациентот од Кичево му било понудено да се тестира, но тој одбил и дека нема законска можност да го присилат на тестирање.

– Здравјето е и колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата. Овој случај се јавил на доктор завчера и веднаш е остварена комункација со лекари од Инфективната клиника и со епидемиолози. Оставено е сомневањето врз основа на клиничката презентација. Понудено му е тестирање, во тој момент не го пријавил тестирањето и не се пријавил за понатамошно лекување. Известени се надлежните служби од Битола, кои реагирале веднаш, а ангажирана е и матичниот лекар. Епидемиологот два пати бил на местото на живеење на овој пациент, разговарано е со членовите на семејството и објаснето е дека тестирањето е најдобро решение, изјави Петличковски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.