Дедо од Битола “играл” со петарди. Дома му нашле илјадници парчиња

news
Advertisement

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т. (60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди

Advertisement

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило поло со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.