“Дезертер, кодош, лажго, криминалец” ечеа од собраниската говорница

news
Advertisement

Расправата потоа ја продолжи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој го праша премиерот дали ќе ги прифати предлозите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и неговите контакти за набавка на енергенси по пониски цени. Стојаноски истакна дека ако Ковачевски одбие тогаш тоа ќе значи дека понудената помош од опозицијата се одбива од една страна затоа што доаѓа од нив, а од друга страна за да можат функционери на власта да склучуваат договори во четири очи за набавка на енергенси
„Кај мене во кабинет нема архива за понуди, кај мене нема состаноци за понуди со компании. Има отворена постапка за јаглен, мазут и за гас и секој оној што има понуда за овие енергенси кои се бараат веднаш може да ја достави. Не може јас да бидам тој кај кого ќе доаѓаат контакти, па јас да одам со контактите“, рече Ковачевски
Дезертер, лажго, деловно неспособен, марионета, крадец, кодош, криминалец, неработник, насилник беа дел од обвинувањата и навредите што еден кон друг си ги упатија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и премиерот Димитар Ковачевски со кои ја вжештија атмосферата на денешната седница на Собранието на која на дневен ред се пратенички прашања.

Advertisement

Како што веќе беше извесно, главна тема на седницата е актуелната топлинска и енергетска криза и набавката на енергенси и електрична енергија, но она што ја предизвика бурната атмосфера на почетокот беа прашањата на Ковачки до премиерот за тоа дали намерно ги лажирал податоците за во 2001 година да избегне служење на воениот рок во екот на воениот конфликт.

„Изјавивте без срам и перде дека илинденците со оружје в рака се бореле за ние да можеме да водиме поинакви битки. Зарем ќе ја имавме државата денес ако во 2001 г. не се боревме. Тие се бореле, а вие во 2001 година одбивте да се борите. За сегашниот премиер не важел ниту еден закон кога најголем дел од граѓаните застанаа во одбрана на Куманово кое беше оставено без вода, кога кумановци застанаа во одбрана, Ковачевски бил подготвен да трпи и за леб и за вода само да не оди да ја брани државата. Приложил документ со кој потврдил дека е трајно неспособен, потоа се правдаше дека бил на школување за потоа цела македонска јавност да види дека има документ дека е трајно неспособен за служење војска. Јас не познавам држава во која на лице кое одбило да ја брани, потоа добило функција да ја води таа држава. Лице кое лажирало дека или е трајно неспоснобно не може да ја води државата такво лице не сме да има пристап до највисоките државни тајни, такво лице седи на маса со НАТО членки. Ако еднаш лажирал документ ќе лажира повторно и затоа истиот е закана за НАТО. Такво лице кое одбило да ја брани сопствената држава не смее да има пристап до буџет од пет милијарди евра. Не сме да има на располагање државен апарат војска, образование, здравство, таквите лица треба да се на друго место, а не во владата. Се наоѓаме во тешко време, земјата ја води човек кој не е легитимен и трајно неспособен“, – рече Ковачки.
Премиерот, одговарајќи на прашањето и на обвинувањата од Ковачки, од говорницата порача одговорот ќе го даде до граѓаните, а не до пратеникот бидејќи во Собранието дал заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите.

Тој одговори дека стручни медицински лица констатирале дека поради абдоменален (во пределот на стомакот н.з.) проблем, со кој, како што рече премиерот, сè уште се соочува и не бил во можност да служи воен рок.

Ковачевски дополни дека тоа било во 2000 година, една година пред да избувне воениот конфликт.

„Лица во регрутните комисии го констатирале тој факт и тоа пред 2001 година пред да се случи кризата и конфликтот. Јасно и гласно и целосно ја соопштувам вистината не за да се објаснувам, бидејќи вистината и фактите не се објаснуваат, туку затоа што ја говорам вистината“, потенцираше Ковачевски.

Потоа премиерот го нападна Ковачки дека е дел од група од опозицијата која заедно со неговиот налогодавач има голем проблем бидејќи, како што нагласи премиерот и предизвика бурни реакции во таборот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се „крадци, криминалци, неработници, насилници и кодоши“.

Тој го обвини пратеникот Ковачки дека додека бил на служба во АРМ „кодошел, навредувал колеги и колешки и крадел информации и тргувал со странски структури“.

„Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе, поради делење пари и тендери како последниот од 136 милиони евра, како што половина раководство им е осудено на повеќе години затвор. И, видете, кој човек говори за војска, за неспособност и манипулации, човек кој додека бил во АРМ кодошел, навредувал колеги и колешки, крадел информации и тргувал со странски структури. Човек кој ја срамел армијата за пари и интереси на странски и домашни бизнис-структури и не е случајно што дезертираше од армијата по нашиот влез во НАТО, бидејќи во АРМ како дел од НАТО нема место за кодоши. Нека излезе и нека каже од кој степен е мојот НАТО-сертификат и да каже дали тој добил НАТО-сертификат. Знаете што е дефиниција за воен дезертер – тоа е човекот платен со народни пари кој зборуваше пред мене, тоа е човекот на кој му ги симнале еполетите и му ја соблекле униформата, па затоа облекол костум за да плука овде по својата држава. За него е потребна конзилијарна медицинска проверка. Во 2001 г. јас бев во Скопје и во Куманово и му помагав на мојот татко, тогашен градоначалник на градот, како да се смират тензиите, како кумановци да добијат вода и како да се смири конфликтот, додека екипата на ВМРО-ДПМНЕ фаќаше кривини по грчки плажи и правеше профити“ рече премиерот Ковачевски, во размената на вербален оган со Ковачки, додавајќи дека и сега се бори за државата и дека му порачува „на овој воен дезертер и кодош, ако АРМ се прочистила од овој човек, на следните парламентарни избори убеден сум дека и Собранието ќе се прочисти од него и од таквите како него“.

Ковачки не остана должен на обвинувањата и уште неколкупати ја искористи говорницата да го нападне премиерот нарекувајќи го отпадник од македонското ткиво, срам за Македонија, марионета и пион, донесен на функцијата поради умешноста за лажирање и дека на цела македонска јавност и е јасно за кого работи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.