Дел од автобусите на ЈСП денес ги нема, средношколците доцнеа на училиште, граѓаните на работа

news
Advertisement

Дел од граѓаните кои го користат гратскиот превоз денес задоцнија на работните места, а на училиште задоцнија и средношколците бидејќи не дојдоа дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Плусинфо објави дека можеби се подготвува нов штрајк Јавното претпријатие „Скопје“ веќе четири месеци врши исплатата според договорената динамика, а доцни и авансот. Поради тоа, дел од нив веќе ги паркираат автобусите.

Advertisement

Сопственик на приватен автобус, во неформален разговор се пожалил дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели 4 месеци не им е исплатен ниту 1 денар на сметката. Чекајќи пари, принуден е да молчи, но веќе му е доста.

„Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе доцнат повеќе од 4 месеци, а никој не ни кажува што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради ова донење. Имаме трошоци за гориво, за сервис на возилата, за осигурување, за плати за возачите и на другигте работници. Не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз“, вели тој.

Нашиот извор, кој сакаше да остане анонимен, вели дека приватниците се постојано под закани и дека може да ја загуби линијата што ја има добиено. Но, тој и неговите колеги упорно чекаат ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.

„Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата“изјавил за Плусинфо.

Членот на новото координативно тело на приватните превозници Јовица Зафировски кажал дека динамиката на исплаќање се одвива според договореното.

„Јас немам никаква информација за такво нешто, кај мене динамиката на исплаќање се одвива во најдобар ред. За повеќе информации обратете се во ЈСП Скопје и во Град Скопје“, одговорил Зафировски.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз, поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и во почетокот на декември, со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не е во право.

Во декември Градот објави два јавни повика за вкупно пет линии, но тие повици пропаднаа затоа што никој не се пријави.

Приватните автобуски превозници во март оваа година објавија дека повторно ќе бидат дел од јавниот превоз во главниот град, откако се договориле со градоначалничката Арсовска да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, за кој таа тврдеше дека е резултат на криминал на превозниците и дека станува збор за доспеани обврски.

Во април на веб-страницата на Градот беше објавен трет нов оглас, со идентични услови како и претходниот. Се бараа превозници за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. За овие линии беа потребни 115 автобуси и 245 возачи. Огласот беше отворен до 24 април.

По неколкумесечни натегања кон крајот на мај приватните автобуски превозници конечно се вклучија во сообраќај, со што се зголеми бројот на возила во јавниот градски превоз.

„Со враќањето на приватните превозници во сообраќај очекуваме да се намали метежот во Скопје, а воедно граѓаните повеќе нема да чекаат со часови на автобуските постојки“, изјавија тогаш од Град Скопје.

Оттаму тогаш информираа градоначалничката Арсовска ги потпишала решенијата по огласот за доделување пакет-линии за вклучување на приватните превозници во јавниот градскиот превоз..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.