Детали – Како се случи трагичната несреќа на автобусот од Македонија во Италија

news
Advertisement

Детали – Вака се случи трагичната несреќа на автобусот од Македонија во Италија

Advertisement

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа во која учествуваше автобус со туристи од Македонија, каде што животот го загуби возачот на автобусот, а беа повредени 12 патници.

Според информациите, автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона. Верижниот судир, како што пренесуваат италијанските медиуми, се случил околу 10 часот утринава. По судирот еден од камионите се запалил во тунел и се уште се утврдуваат причините.
Се наведува дека еден од камионите превезувал алкохол. Македонските патници се испратени во болница, јавуваат италијанските медиуми

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.