Една жртва во сообраќајка на македонски автобус во Италија

news
Advertisement

Една жртва во сообраќајка на македонски автобус во Италија

Advertisement

Еден загинат и 12 полесно повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија.

Во неа учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија.

Во неа возачот на автобусот Р. И. (1965 година) загинал на местото на нсереќата додека полесно повредените 12 патници се државјани на Северна Македонија.

Според информациите од италианските медиуми, автобусот се судрил со два камиони. Според нив по судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, a причините се’ уште се утврдуваат. Еден од камионите пренесувал алкохол.

илустрација
ВИДЕТЕ И ОВА:
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.

Потврда за несреќата дојде и од министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим.

„Денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“, информираат од таму.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот велат од министерството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.