Детето било заклучено во соба кога таткото ги убил неговата мајка и баба вчера во Куманово

news
Advertisement

Блиски роднини го презеле и се грижат за 8-годишниот син од Куманово кое вчера беше сведок на трагедијата во која неговиот 46 годишен татко со нож ја избоде до смрт 40-годишната сопруга и нејзината мајка, а потоа и се самоуби, потврдуваат од обвинителството за Канал 5.

Advertisement

Оттаму велат дека заедно со полицијата ги расчистуваат сите детали, а во меѓувреме во јавноста кружат неколку верзии околу тоа како конкретно се одвивал настанот, но официјално не е потврдено.

Според сознанијата детето било заклучено во една соба, додека во друга се одвивала кавга помеѓу таткото и неговата мајка.

Откако ги избодел, 46 годишникот самиот се фрлил од прозорецот, а соседите повикале полиција поради повиците за помош од детето. Според друга верзија пак, мажот се фрлил од прозорецот на 6тиот кат во зградата на улица Лесковачка, откако ги видел екипите на полицијата. Осомничениот веднаш бил префрлен во кумановската болница, но не преживеал.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.