Димитриевски за „Фокус“: Ќе понудиме нови политики и кадри!

news
Advertisement

Еден од нашите приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата, вели кумановскиот градоначалник.

Advertisement

Граѓанското движење што ќе земе учество на следните парламентарни избори, ќе понуди нови реално остварливи политики со нов кадровски потенцијал на ниво на државата во сите градови и општини, вели во изјава за неделникот „Фокус“ кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

– Ќе има место за сите што сакаат да дадат свој придонес во нивната реализација, но првенствено луѓе од теорија и пракса, без претходни опашки во политичкото и во општественото дејствување. Еден од нашите приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата – вели Димитриевски

Тој посочува дека целиот концепт ќе биде по примерот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Како што објаснува, првично ќе ја мултиплицираат по другите градови низ државата, а подоцна тие ќе бидат иницијатори за формирање на движењето.

–Немам досега разговарано за можни соработки и за формирање идни сојузи, ние планираме првенствено да бидеме во функција на граѓаните, во ниту еден случај на политички партии, а најмалку на поединци. Големо фајде од партиите во последните три децении граѓаните не почувствуваа, освен безброј афери и нагло осиромашување – истакнува Димитриевски.

Откако не ја доби поддршката од СДСМ за втор градоначалнички мандат, Димитриевски на последните локални избори настапи и победи како самостоен кандидат, а најавува настап и на следните парламентарни избори.

Целиот текст за можните политички иницијативи и проекти надвор од двете големи коалиции прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.