Димовски: Го најдовме виновникот, јас не чувствувам одговорност за државјанството за Онишченко

news
Advertisement

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски не чувствува одговорност за случајот Онишченко, но вели нема намера да бега од државата. По денешното сослушување во Собранието, тој посочи дека знае кој го ставил потписот, но се утврдува дали е пропуст, намера или лукративен интерес

Advertisement

Лоцирано е едно лице во Агенцијата за национална безбедност , кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик , изјави директорот на Агенцијата , Виктор Димовски по сослушувањето во Комисијата за надзор на работата на АНБ во Собранието.

„Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме“, рече Димовски пред новинарите.

Тој вели ќе се истражи што направило посоченото лице и како ќе одговара, дали ќе добие дисциплинска, кривична или каква било одговорност. Димовски не откри за кое лице се работи, но истакна дека се работи за искусен оперативец во Агенцијата.

Околу неговата одговорност за безбедносните пропусти Димовски изјави дека не лично не се чувствува одговорен, но додаде дека нема намера да бега, алудирајќи на поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и поранешните разузнавачи кои побегнаа во Грција по избувнување на аферата со прислушувањето во 2015 година.

„Не сметам дека имам лична одговорност, меѓутоа ако се процени дека има пропуст и директна одговорност од моја страна, јас ви кажав дека да патувам ниту во Будимпешта, ниту во Охрид да менувам жителство, ниту да одам во Грција како што некои отидоа. Останувам тука и подготвен сум да се соочам со се, ако се цени дека треба да сносам одговорност“, изјави Димовски.

Димовски кој инаку треба да замине како македонски амбасадор во Франција вели дека други институции ќе одлучуваат дали овој случај ќе влијае на неговата дипломатска кариера.

Олександр Онишченко – поранешен украински пратеник. Киев 29-ти јуни 2016
ВИДЕТЕ И ОВА:
Собранието чека одговори од Димовски за контроверзниот Украинец
Безбедносен пропуст – Дали јавно се слушаше тајниот распит на Димовски?

Инаку безбедносен пропуст се случи на на самата денешна седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност. Седницата која се одвиваше зад затворени врати, беше прекината поради тоа што тонот од расправата, на која сведочеше Димовски, се слушнал во позадина на јутуб-преносот од пленарната седница на Собранието која беше во исто време. Пратеникот Павле Трајанов од говорниоцата на собраниската пленарна сала побара да се испита состојбата и да се утврди дали е точно.

„Крајно неодговорно е да држиме затворена седница за исклучително битни прашања, а преку стримингот наводно некои од новинарите ги слушале тие информации“, рече Трајанов.

Претседателот на Собранието Талат Џафери нервозно одговори дека не е коректно работа која не е испитана да се изнесува во јавност.

„Пред да дојдете вие овде да кажете што било, преземено е сè што требало да преземам како претседател на Собранието. Тоа е истрага, а знаете дека во истрага не може да оди во јавност постапката што се спроведува. Барем вие Павле треба да го знаете тоа“, рече Џафери.

Седницата потоа беше одложена, а преносот од Собранието е исклучен.

Димовски вели дека ако имало пренос во живо тоа не е во негова надлежност, бидејќи е гостин во Собранието, но ги повика собраниски служби да си ја завршат работата.

„Ја почитуваме независноста на парламентарниот дом. Одговорноста за безбедноста тука си ја носат структурите на оваа куќа и веќе се преземени мерки согласно мои информации да се види што и како тоа се случило и евентуално да се утврди одредена одговорност. Ќе оставиме Собранието да си ја заврши работата, рече Димовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.