Директорката на Онкологија за „Фокус“: Немаме опрема, немаме кој да работи со пациентите, под итно ни требаат нови вработувања!

news
Advertisement

За потребите што секојдневно ги имаме, клиниката станува недоволна и по кадар, и по простор. Во неа работат во просек 10 медицински сестри во прва смена, а потребно е да бидат најмалку 20 на број. Во меѓусмена (12-16 часот) работат 4 медицински сестри, а потребни би биле барем уште 2. Во просек, во дневната болница се третираат околу 200 пациенти, кои за да бидат услужени, многу често се случува да чекаат со часови. Дел од терапиите согласно протоколите траат долго поради што не е возможно брзо да се опслужат сите пациенти. Недостигот од здравствен кадар на клиниката е алармантен. Нови вработувања на здравствен кадар ни се итно потребни. Последно барање упатено кон Министерството за здравство е во мај 2023 година.

Advertisement

Доктор Виолета Клисаровска, долги години работи како онколог на скопската Клиника за онкологија, а лани во ноември седна на директорската фотелја и управува со клиниката, која повеќе од еден месец е мета на предистражна постапка за препродажба на лекови и загрозување на здравјето на пациентите. Клисаровска во интервју за „Фокус“ објаснува со какви проблеми се соочила кога стапила на функцијата, посочувајќи дека, иако буџетот на клиниката за лекови е зголемен, сепак тој не е доволен за реалните потреби, како и за зголемениот број нови пациенти. Таа, исто така, истакнува дека клиниката има итна потреба од нови вработувања, како и дисперзија на пациентите во другите онколошки одделенија низ државата.

ФОКУС: Во ноември лани, вие седнавте на директорското столче. Со што се соочивте?

КЛИСАРОВСКА: Едно од најкритичните места во клиниката моментално е дневната болница.

ФОКУС: Зошто?

КЛИСАРОВСКА: Таму се аплицира најголемиот дел од специфичната онколошка терапија и согласно со податоците, кои ги имам заклучно со септември 2023 година, низ дневната болница досега се поминати над 42.000 пациенти. Таму нема контроли и прегледи. Целата таа бројка се третирани пациенти. Онколошкиот дел во нашата клиника функционира амбулантски, а една дневна болница е за цела држава.

ФОКУС: Со оглед на огромниот број пациенти, кои се слеваат во клиниката, имате ли потреба од медицински кадар?

КЛИСАРОВСКА: За потребите што секојдневно ги имаме, клиниката станува недоволна и по кадар, и по простор. Во неа работат во просек 10 медицински сестри во прва смена, а потребно е да бидат најмалку 20 на број. Во меѓусмена (12-16 часот) работат 4 медицински сестри, а потребни би биле барем уште 2. Во просек, во дневната болница се третираат околу 200 пациенти, кои за да бидат услужени, многу често се случува да чекаат со часови. Дел од терапиите согласно протоколите траат долго поради што не е возможно брзо да се опслужат сите пациенти. Недостигот од здравствен кадар на клиниката е алармантен. Нови вработувања на здравствен кадар ни се итно потребни. Последно барање упатено кон Министерството за здравство е во мај 2023 година.

ФОКУС: Како издржувате финансиски?

КЛИСАРОВСКА: Од тука ни се отвора и вториот суштински проблем во клиниката, а тоа е обезбедување реално потребен буџет. Со претходни добиени согласности од Министерството за здравство и Фондот, клиниката добива право да набавува одредени лекови. Постојат лекови што се наоѓаат на позитивната листа, но поради тоа што таа не е ажурирана со години наназад, а во меѓувреме на пазарот се достапни нови генерации на лекови, нашата клиника, освен годишниот договорен надоместок – основен, добива и таканаречен условен надоместок, кој е именуван за таканаречената биолошка целна таргет имунотерапија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.