Оружје и муниција пронајдени при претрес во скопско Ласкарци

news
Advertisement

Оружје и муниција се пронајдени при денешниот претрес во скопското село Ласкарци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Advertisement

– По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај С.З. во село Ласкарци. При претресот, во близина на помошен објект што го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми. Исто така, при претрес во неговиот дом, пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка, се појаснува во соопштението на МВР.

С.З е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: https://alsat.mk/mk/oruzhje-i-munitsija-pronajdeni-pri-pretres-vo-skopsko-laskartsi/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.