Пратеникот Ковачки призна дека пласирал лажна вест, но наместо да се извини продолжи со клевети и говор на омраза

news
Advertisement

Откако неколку медиуми, меѓу кои и Фронтлајн, ја разобличија лажната вест на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој признава дека пласирал лажна вест, тој наместо да и се извини на јавноста продолжува со клевети и неоснован говор на oмраза.

Advertisement

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки продолжува со ширењето на лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е слика од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје. Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации“, објави вчера Фронтлајн разобличуваќи ја лажната вест од Ковачки, со која тој се обиде да го дискредитира министерскиот самит на ОБСЕ кој ќе се одржи во Скопје, за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата.

После тоа, пратеникот Kовачки наместо извинување за објавената лажна вест, на неговиот фејсбук профил објави текст со клевети, говор на омраза и напад на слободата на медиумите да разобличуваат дезинформации, иако во текстот признава дека пласирал лажна вест и дека го избришал постот.

Извор. https://frontline.mk/2023/11/27/pratenikot-kovachki-prizna-deka-plasiral-lazhna-vest-no-namesto-da-se-izvini-prodolzhi-so-kleveti-i-govor-na-omraza/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.