Директорка на ученички дом во Битола со државни пари плаќала пензионер да ја советува

news
Advertisement

БИТОЛА – Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола исплатил неколку илјади евра на сметка на пензионер, поранешниот правник-секретар во домот, Менде Петровски, ангажирајќи го како советник, особено во втората половина на 2022 година, по пензионирањето.

Advertisement

Во Средношколскиот дом, години наназад, директорка е Елена Спасеновска, кадар на СДСМ за која „Независен“ деновиве пишуваше дека заедно со пензионерот Петровски, во неколку наврати патувале со службеното возило „голф“ во Албанија и Србија, а во еден наврат пензионерот сам го управувал службеното возило, што остава простор за сомневање за користење на јавните ресурси за приватни цели.

Така, само за период од околу шест месеци, од летото до крајот на 2022 година на контото на пензионерот легнале околу 5.000 евра. Според порталот „Отворени финансии“ на Министерството за финансии, кој ѝ овозможува на јавноста увид во податоците за реализација на трансакциите во државните институции, се гледа до кога земал плата, а од пензионерот почнал да добива значителни суми на пари од Средношколскиот дом, според наши извори ,за да ги советува вработени околу правниот и воспитниот дел.

Извор. https://nezavisen.mk/direktorka-na-uchenichki-dom-vo-bitola-so-drzhavni-pari-plakjala-penzioner-da-ja-sovetuva/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.