ДНК: Благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето на Лео му иде на подобро, и нема намера да се откаже

news
Advertisement

Златната Бубамара на ДНК стигна во рацете на младиот Леонид Индов кој е на лекување во Австрија. Популарното ДУО кој заедно со Врчак ја освоија оваа награда за „Хит на годината“ одлучија статуетката да ја стават на лицитација се со цел да се соберат пари за лекување на Лео.

Advertisement

За статуетката беа понудени дури 250 илјади денари а вкупните средства собрани од таа акција достигнаа 690 илјади денари, пари кои беа префрлини на сметката на Лео.

Панчо и Андреј открија дека Кирче Митрески – кој ја донира најголемата сума – побарал статуетката да му биде испратена на Лео, како потсетник дека не е сам.

„Лео конечно си ја доби бубамарата, многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му иде на подобро, и дека нема намера да се откаже“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.