Додека некои земји го забранија – директорот на АХВ пиеше “Прајм“ во живо на Телма за да покаже дека е безбеден

news
Advertisement

Иако неколку земји во региониот како Словенија, Хрватска и Босна го забранија „Prime“, во Македонија тоа се уште не е така. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николе Бабовски во Утринската на Телма се напи од енергетскиот пијалок „Prime“ се со цел да докаже дека е безбеден.

Advertisement

Интересниот момент можете да го погледнете ТУКА.

Енергетскиот напиток Прајм, односно неговата кофеинска верзија беше забранета напрвин во Словенија, а потоа и во Хрватска. Националниот институт за јавно здравје од Словенија извршило проценка на ризик, чии резултати покажаа дека консумирањето на енергетските пијалоци „Прајм“ со кофеин ја зголемува веројатноста за негативни здравствени ефекти, особено кај децата и адолесцентите, што е зошто овие пијалоци се сметаат за ризични за оваа популациона група“, беше објавено.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.