Османи: Искуството на Шпанија и Португалија покажува дека членството во ЕУ е единствениот начин да се спречи заминувањето на младите

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес учествуваше на Улпиана форумот во Приштина, на панелот насловен „Миграција преку ангажман на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“

Advertisement

На почетокот на своето излагање, Османи нагласи дека „..единствен начин да се спречи заминувањето на младите е преку намалување на расколот во економските и социјални прилики во Северна Македонија споредено со западните земји, што може да се обезбеди преку членството во ЕУ“, посочувајќи на фактот дека земји како Шпанија и Португалија пред членството во ЕУ имале значително поголем одлив на работна сила и млади. Трендот во овие две земји е променет со членството во Унијата, истакна Министерот.

Османи се осврна и на проектите на МНР во интерес на дијаспората. Го издвои проектот, МКарта, кој во суштина „создава вредна мрежа на поединци кои се најдобри во своите професии и кои со тоа оставиле трага во новото опкружување во кое се успешно интегрирани и служат како дополнителен мост на соработка помеѓу дијаспората и Северна Македонија“. Идејата на проектот е истите, согласно своето знаење и вештини, да бидат вклучени во тековните проекти на Владата и државните институции.

Искуството на Северна Македонија покажува дека за квалитетна систематска работа со дијаспората, потребни се закон за дијаспора, институционална поддршка (во форма на министер или министерство) и нејзино мапирање.

Османи информираше дека Северна Македонија на последниот попис по прв пат овозможила попис на дијаспората, но податоците за нејзиното лоцирање не може да се користат за креирање долгорочни политики. За тоа е потребно детално мапирање, за што во моментот тече еден проект во соработка со Меѓународната организација за миграции, со вклучување на тројца млади експерти на нашата дијаспората од Италија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.