Advertisement
На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица, информираше МВР.
Advertisement
Вчера во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.
Advertisement