Почина Илија Жупаноски, владиниот советник за дигитални комуникации

news
Advertisement

На 41-годишна возраст, вчера во Скопје почина владиниот советник за дигитални комуникации и општествен активист за демократија, Илија Жупаноски.

Advertisement

Жупаноски беше советник за дигитални комуникации на премиерите Заев, Спасовски и Ковачевски и имаше ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 година наваму.

Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90-тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор на МОФ од 2007 до 2010 година.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0qumdLMys1st9yNZuW84UWSFvcGSirDFGsYe79EM8c3jLttpP4811nfsxowTMN6CRl&id=100044445038982&mibextid=Nif5oz

Илија беше општествен активист за демократија, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации кој даде огромен и суштински продонес во демократизација на комуникациите, дигиталната отченост и транспарентност на Владата предводена од СДСМ“, велат од СДСМ.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02rkawyjSxZja8yEpEgnMCaQAzuthYhTY39uuJUFRtk1YnWYDPvPMB9VDwGDYgZPAxl&id=100044608441941&mibextid=Nif5oz

Илија имаше клучна улога во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2017 година. Тој беше еден од пионерите во развивањето на концептот за дигитална отчетност и транспарентност, придонесувајќи кон тоа македонската Влада да стане прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност. Со своето огромно домашно, регионално и меѓународно искуство, Илија беше посветен на борбата против хибридните и сајбер напади кои го загрозуваат темелот на демократијата“, напиша министерот Оливер Спасовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.