ЈАС ДА СУМ НА ЦРНА ЛИСТА, ВЕДНАШ ДАВАМ ОСТАВКА! Ковачевски вели дека доказите против Мерко се сериозни

news
Advertisement

Да се најде моето име на црната листа на САД, не само што ќе си дадам оставка, туку ќе го сметам тоа и за најголем пораз. Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба да се повлече од градоначалничката функција откако САД го ставија на црната листа.

Advertisement

– Јас сум единствениот кој одговара на ова прашање, па можеби треба и на други места да прашате за мислења. Го прочитав соопштението на Стејт департментот и самото соопштение во себе содржи основи за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга, а тие основи се многу сериозни. Не ми е јасно како е можно САД кои се одалечени дури 8.000 километри од овде да имаат информации што се случувало во нашата земја, а нашите институции да немаат никакви информации. Општина Струга треба да биде отворена за споделување на сите информации до надлежните органи и тие треба да бидат ефикасни – порача Ковачевски.

Тој ги повика и советниците во Општина Струга да размислат како ќе постапат. – Сите советнички групи во Општина Струга треба да размислат што ќе прават во иднина со градоначалникот Мерко, бидејќи тие се избрани за да ги унапредуваат правата на граѓаните – рече премиерот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.