Доколку станат шампиони, Арсенал ќе си обезбеди квалитетен трансфер

news
Advertisement

Арсенал според повеќето влијатели медиумите на островот, се заинтересирани за ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем.

Advertisement

„Чеканите“ се наоѓаат во доста лоша ситуација на табелата, тие се во опасната зона, а доколку се случи Арсенал сезонава да ја освои конечно титулата, на лето големи се шансите Рајс да заврши на „Емирати“.

Рајс кој има уште 18 месеци од договорот со Вест Хем, доколку неговите бидат елиминирани во мај во понизок ранг, несомнено дека нема да сака да игра Чемпионшип натпревари, па ќе размислува за понудите кои ќе доаѓаат.

За Деклан Рајс изминатиот период заинтересирани беа уште и Челси и Манчестер Јунајтед, но ситуацијата на Арсенал во моментов им дава предност.

Според „The Athletic“, Aрсенал има одредени контакти со агентот на овој фудбалер и наскоро ќе се знае дали ќе успеат да го убедат да се согласи на вербален договор а истиот да се реализира неколку месеци подоцна.

„Би сакал да играм во Лигата на шампиони, 100% сум фокусиран на тоа“, беше изјавата на Рајс во декември минатата година, што алудира на тоа дека наскоро ќе дојде до трансфер, а веројатно ќе заврши во некој од тимовите кои се во зона за ЛШ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.