Допрва ќе се набавуваат 500 вакцини против мајмунски сипаници

news
Advertisement

Во Македонија нема мајмунски сипаници а нема ниту вакцина за превенција од оваа заразна болест. Од Министерството за здравство планираат да обезбедат околу 500 дози, но без прецизен одоговор кога ќе ги има во земјата. Во моментот, како што велат од МЗ, прават проценки дали можат да ги добијат како донација или пак ќе преговараат со производителот.

Advertisement

-Министерството за здравство во соработка со Комисијата за заразни болести во континуитет ја следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки. Во постојана комуникација сме со Светската здравствена организација околу препораките за вакцини, ни одговорија од МЗ.

Вакцини се уште нема но здравствените власти тврдат дека Институтот за јавно здравје има доволно тестови за откривање на мајмунски сипаници.

За разлика од кај нас, ЕУ за земјите членки веќе двапати правеше набавка на вакцини против вирусот за да бидат подготвени за одговор при итни случаи.

Во јули Европската агенција за лекови одобри вакцина за превенција од мајмунски сипаници на данскиот производители Бавариан нордик.

Треска, осип и отечени лимфни јазли се најчестите симптоми на мајмунски сипаници кои досега се регистрирани кај околу 19 000 лица на европскиот контитент.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.