Доцна синоќа страотна сообраќајна несреќа – се преврте цистерна

news
Advertisement

Од 00:50 ч. сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица, од клучка Ињево до с.Бучин, е нормализиран.

Advertisement

Сообраќајот тука беше во целосен прекин поради подигање на цистерна од случена сообраќајна незгода синоќа во 21.18 часот, информираат утрово од АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека од утре ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 – делница Скопје – Тетово.

Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.

Утрово, пак, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.