Стевче Јакимовски добил закани дека ќе биде убиен, заканувачот се појавил пред неговата куќа

news
Advertisement

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски добивал закани дека ќе биде убиен, информираше утринава Јавното обвинителство. Од таму велат дека поведена е постапка за 60 годишен скопјанец.

Advertisement

„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму“, велат од Јавното обвинителство.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

„Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството“, додаваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува.

Извор: https://fokus.mk/stevche-jakimovski-dobil-zakani-deka-ke-bide-ubien-zakanuvachot-se-pojavil-pred-negovata-kuka/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.