АКО КАЈ МЕНЕ РАБОТИ ФРОЈД, ТИ ПРАВИШ ПРОБЛЕМИ ОД ГАСТРОЕНТЕРХЕПАТОЛОШКА ПРИРОДА Ковачевки му врати на Мицкоски

news
Advertisement

Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа – рече Ковачевски.

Advertisement

Коментирајќи го ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.

– Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ, рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.