Речиси 9 милиони Украинци без електрична енергија

news
Advertisement

Електричната мрежа на Украина сѐ уште е тешко оштетена. Претседателот и министерот за енергетика стравуваат од нови руски напади врз инфраструктурата. Според Зеленски ситуацијата на фронтот во Донбас е „тешка и болна“.

Advertisement

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во неговото редовно видео обраќање изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот Донбас е тешка и болна, и оти бара целосна сила и концентрација на државата.

„Пред сѐ, работите на фронтот. Бахмут, Кремин и другите области во Донбас бараат максимални сили и концентрација“, рече Зеленски.

Според неговите зборови, ситуацијата во овој регион е тешка и болна.

„Окупаторите ги распоредуваат сите ресурси кои им се на располагање, а тоа се златни ресурси, за да напредуваат“, нагласи тој.

Милиони Украинци и натамѕ без струја

Украинскиот претседател рече дека недостиг на еклектрична енергија и натаму постои, и дека речиси 9 милиони луѓе и натаму се без струја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.