МВР: Лажни закани за поставени бомби во основни училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските пошти со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Advertisement

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението на МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.