27 годишна скопјанка поминала низ страшна голгота во Израел

news
Advertisement

Дваесет и седумгодишна млада скопјанка е една од патниците која имаше среќа да се евакуира со првиот авион на „Ер Србија“, кој во неделата претпладне слета на белградскиот аеродром и оттаму стигна во Скопје. И таа и нејзините родители поминаа низ страшна голгота додека не пристигна дома каде што беше пречекана со солзи, прегратки и силни емоции кои сè уште се присутни во семејството.

Advertisement

„Беше страшно. Уште во саботата околу два часот наутро кога почнаа да се слушаат сирени, пукотници, се тресеше зградата… додека бевме евакуирани во скривница донесов одлука веднаш да заминам. Сепак, и покрај таа одлука, неколкупати се премислував дали да заминам, затоа што на улиците се пукаше и беше прашање дали и како ќе стигнам до аеродромот. Но, ноќта мојата одлука беше конечна – заминувам! По тричасовна потрага успеав да најдам такси кое ме однесе до аеродром, а потоа и да купам авионски билет и со групата аџии да стигнам до Белград. Бев решена да си дојдам дома и покрај тоа што знаев дека не е безбедно да се лета со авион во ваква состојба. Кога стигнавме во Белград веќе беше лесно. Дури тогаш почувствував олеснување, но и силни емоции кога ги гледав солзите радосници со кои беа пречекувани патниците. Тогаш слушнав од некој дека го ракетирале аеродромот „Бен Гурион“. Веднаш купив билет за Скопје. Силните прегратки од мајка ми, татко ми и брат ми кои беа избезумени од страв ми беа вистинското засолниште, вели нашата соговорничка. Таа раскажува дека по природа не е паничар нити плашлива, но знаела дека овој пат ситуацијата не е ни малку наивна”, вели таа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.