Дојави за бомби во Белград стигнале во 115 училишта

news
Advertisement

Учениците и вработените се евакуирани и во тек се проверките. Во дел од школите, тие завршиле и наставата продолжила
Дојавите за бомби кои денеска стигнале во основни и средни училишта во Белград, како што објави српското Министерство за образование, пристигнале на адресите на дури 115 школи. Од нив, 78 се основни, а 37 средни.

Advertisement

Во тек е проверката на антитерористичките екипи од српското МВР.

Учениците и вработените, пак, се евакуирани.

Наставата на учениците од прва смена, велат од Министерството за образование, е прекината додека да се завршат проверките. Во одредени училишта проверките завршиле и учениците се вратени во школските клупи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.