Дојави за бомби во 12 скопски и 8 кумановски училишта

news
Advertisement

Дојави за бомби попладнево се упатени на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово, информираат од МВР.

Advertisement

-Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Повторно дојава за бомба во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија за МИА надлежните од училиштето. Учениците се безбедно евакуирани и забележливо е зголемено присуство на полиција покрај училиштето.

Според информациите на директорката на училиштето, Јасмина Спасовска, учениците се евакуирани на безбедно за пет до шест минути.

– Повторно евакуација на ученици, овој пат од друг имејл е испратена дојавата. Имаме присуство на полицијата, очекуваме и други единици. Ова прво полугодие завршува, остануваат уште два дена. Наместо да прославуваат учениците, овие денови преминуваат во нешто поинкаво. Ќе ги чекаме насоките од службите за тоа дали ќе продолжи наставата, изјави Спасовска.

„Браќа Миладиновци“ е централно училиште, испразнети се и дисперзираните објекти и во градот Куманово и во селата.

Во текот на вчерашниот ден 20 училишта во Скопје упатија пријави до МВР за добиени пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа, каде по направените потребни проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.