До каде е потрагата по 14 годишната Вања

news
Advertisement

Продолжува потрагата по тинејџерката Вања Ѓорчевска. 48 часа подоцна сѐ уште нема никаква трага откако исчезна на пат кон училиште во строгиот центар на градот, скопско Дебар Маало.

Advertisement

14-годишна Вања Ѓорчевска ја крена на нозе цела држава, но и регионот. Министерот Спасовски соопшти дека во оваа потрага интензивно работи полициски тим составен од професионалци, а од МВР влеат дека се истражуваат и мотивите за нејзиното исчезнување.

Нејзината фотографија осамна и во билтенот за исчезнати. Откако нејзината мајка објави фотографија на социјлните мрежа истата масовно се споделува.

Во однос на оваа истрага она што последно се знае дека секаков сигнал на нејзиниот телефон се губи на „Партизанска“ карши Универзална сала.

Освен полициските тимови и ловџиите се вклучија во оваа потрага. Јавноста бурно дава коментари за овој случај, а вчера се огласи и познатиот адвокат Пешевски кој го обвини државниот апарат.

Како татко на две деца, случајот со малолетната девојка ме ужаснува, згрозува, остава без сон и прави да се чувствувам ранливо а верувам дека чувствата ни се взаемни. Во недостаток на државен апарат и институции кој ке спречат вакви ситуации народното самоорганизирање, самозаштита и себепревенција е нужно и неопходно, пишува адвокатот Пешевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.