До кога со приказната дека МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД ВРАТИТЕ НА ЕУ, САМО УШТЕ ОВА, УШТЕ ОНА…

news
Advertisement

Украина, Молдавија и Грузија ќе почнат постапка за пристапување кон ЕУ – а ниту една држава од тие три нема познати и дефинирани граници, во сите три има делови кои прогласиле автономија или отцепување и се – надвор од контрола на државата!

Advertisement

Сите три денес се економски во жива кал, правната држава не постои а сите три се во петте најкорумпирани држави во Европа, без стабилни финансии и без план за развој и ни блиску до сенката на она што ЕУ го бара како услови за пристапување за Македонија, Србија или Албанија…

По самитот на ЕУ, со кој практично заврши шпанското претседателство со Советот на Унијата, речиси сите земји од Западен Балкан добија неодредени одговори за напредувањето во сопствените евроинтеграции.

Се покажа, како и што се очекуваше, дека фокусот на интересот за проширувањето во Унијата на овој самит беше насочен спрема Украина, која доби почеток на преговори, и тоа без преговарачка рамка, како и Молдавија, а Грузија се стекна со кандидатски статус.

ЕУ покажа дека кога станува збор за геополитичкиот интерес не е формалист во однос на процедурите за проширување, на кои толку „беспомошно“ инсистира кога станува збор за пристапувањето на Македонија, која 18 години од добивањето на кандидатскиот статус не може да ги започне преговорите.

На традиционалниот состанок-самит на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Пред официјалната сесија на Советот на ЕУ беше одржан веќе „традиционалниот“ (од 2020) состанок-самит на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

По завршувањето на средбата на лидерите на Унијата и на државите од западнобалканскиот регион во Брисел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача дека „проширувањето е процес базиран на заслуги, но притоа мора да се има предвид специфичната состојба во која се наоѓа Европа“.

Апелирањето на „специфичната состојба на Европа“, во Македонија и во регионот предизвика прашања, со кои можеби би се откриле повеќето слоеви од пораката на Мишел.

Дали тоа значи дека ЕУ всушност директно порача до сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ги и Украина и Молдавија, дека во пакет ќе пристапуваат во Унијата или заедно ќе добијат некакво придружно членство, без ингеренции во одлучувањето?

– Главниот репер за иднината на проширувањето на ЕУ сеуште е изјавата на францускиот претседател Макрон од 17 октомври 2019 година (кога стави вето на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, и тоа по Преспанскиот договор) – дека ЕУ треба прво да се реформира, па да се проширува.

Четири години подоцна се покажува дека тоа не било празна реторика. Тој процес на реформирање на институциите на Унијата, за да може да прифати и да функционира со нови членки, би траел најмалку една деценија.

Сѐ уште е нејасно кој концепт на реформи би бил применет, а се зборуваше за концепти „центар и периферија на ЕУ“, па „ЕУ во повеќе брзини“. Одлуките што се носат сега во контекст на проширувањето се засновани на геополитичкиот интерес, кој го има потиснато мерит-системот на заслуги во ЕУ – вели поранешниот министер и амбасадор Марјан Ѓорчев.

ЕУ продолжува да раскажува „несреќна бескрајна приказна“ за Македонија

Во контекстот на одлуките за проширувањето што ги донесе ЕУ на својот последен самит, Ѓорчев цени дека во однос на Македонија, Унијата продолжува да се однесува како кон една „несреќна бескрајна приказна“, но и самата не знае како ќе се справува со предизвиците на пристапувањето што ѝ ги понуди на Украина.

Во оваа геополитичка ситуација, според Ѓорчев, ЕУ се однесува како да го бара клучот од отворената Пандорина кутија.

– Иако Македонија според реформите што ги спроведува(ше), според мерит-системот, беше многу понапред од земјите во регионот, од геополитички причини соседните земји, барем формално, напредуваа во евроинтегративниот процес.

Некои станаа и членки (Хрватска), а Црна Гора и Србија повеќе од десетина години преговараат, но тоа не ги смени многу работите на планот на реформите во тие земји. Во тој контекст, Македонија изгледа како „несреќна бескрајна приказна“ за ЕУ, но и целиот процес на проширување, со новите земји од Истокот што добија покана за почеток на преговори, добива димензија на процес на кој не му се гледа крајот. ЕУ во овој миг не знае што ќе се случува со Украина, на која очигледно ѝ се загрозени границите, изборите се суспендирани, има немерлива корупција…

Од 35 услови според мерит-системот на ЕУ, оваа земја не може да исполни ниту еден. Украина доби статус за почеток на преговори, но не доби преговарачка рамка, а ние сме блокирани зашто не прифаќаме преговарачка рамка во која се вградени билатерални прашања како услов.

Во мигов ЕУ нема клуч за Пандорината кутија што ја отвори во интерес на геополитиката и неизвесно е кога и на каков начин ќе го најде преку сопственото реформирање. Во такви услови, ние, како Македонија, треба да се посветиме на внатрешните реформи за економска самоодржливост, но и на реформи во контекст на владеење на правото, на судството на администрацијата.

Ниту ЕУ, ниту шефовите на Унијата, ниту нашите дипломати немаат ни приближно време во кое можеме да очекуваме преговори со ЕУ, а уште помалку кога ќе бидеме примени.

Важно, владата на СДС и ДУИ, за предизборни потреби вели – ние сме пред вратата на ЕУ, само уште ова, само уште она… Сепак, на патот до ЕУ најважно е да се смени владата, ако не за друго ќе имаме почиста состојба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.