Драма во скопски автобус: возачот станал и си заминал, на патниците им рекол „Седни ми во скут, па вози“

news
Advertisement

Возач на приватен автобус со број 22 утрово остави полн автобус со патници во населбата Даме Груев, револтиран од метежот од средношколци кои настојуваа да се качат во возилото, оти доцнеа на првиот училиштен час, пишува „Слободен печат“.

Advertisement

Патниците што стоеја на станицата револтирано велеа дека претходните два автобуса на распоред не дошле и сакаа да се качат во автобусот.

Возачот, немајќи капацитет да се справи со ситуацијата излезе од автобусот и си замина, оставајќи го возилото и стотина патници среде улица.

Еден патник посведочи дека револтирана патничка додека возачот стоеше во возилото му рекла: „Ајде вози, доцниме“, на што тој ѝ одговорил: „Седни ми во скут, па вози“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.