ДРАМА НА „ДЕВЕ БАИР“ – тоа што го криел во црните вреќи ги стаписало граничарите, еве ги деталите

news
Advertisement

Спречен обид за нелегално изнесување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници, информираат од Царинската управа.

Advertisement

– Поради постоење сомнеж, автомобилот со полски регистарски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38 илјади евра, соопштуваат од Царинската управа.

Оттаму, посочуваат дека, согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани.

– Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка, известуваат од Царинската управа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.