Државјанин на Србија со „бмв“ се забил во бензиска пумпа кај Гевгелија

news
Advertisement

Србин со „бмв“ вчера се забил во бензиска пумпа на автопатот „Пријателство“ во близина на Гевгелија. За среќа нема повредени иако возилото е целосно „уништено“.

Advertisement

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера наутро околу 11 часот на делницата од клучка Прдејци до клучка Гевгелија.

„Српскиот државјанин А.Д.(45) управувајќи патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во метални јарболи од бензинската пумпа. Во незгодата повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија“, се вели во соопштението на МВР.

Според очевидци, автомобилот се движел со над 200 километри на час. Неофицијално имало уште тројца патници во возилото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.