Другарство во СДСМ: Сите биле другари и другарки, па за Ковачевски не било убаво да каже кој му е фаворит за претседателски кандидат

news
Advertisement

На Димитар Ковачевски сите во СДСМ му биле другари, па не било убаво да каже кој му е фаворит за кандидат за претседател. Немало да трча со информации пред органите на партијата да одлучат, за што веќе била отпочната партиската процедура. И покрај рејтингот на власта кој е во слободен пад, Ковачевски е сигурен во победа на изборите – биле европски фронт и имале широка поддршка.

Advertisement

-Не би било убаво јас да давам такви коментари пред почетокот на кандидационата постапка и да ја наведувам на тоа, со оглед на тоа што ние во СДСМ сме другари, сме другарки и сите оние кои што сме ги кандидирале и делат вредности со нас секогаш сме биле на иста линија и на иста визија за Македонија, изјави Ковачевски.

А во јавноста веќе гласно се шпекулира дека главен фаворит за кандидат е министерот за внатрешни работи. Спасовски на еден начин својата кандидатура ја најави со фотографија на Фејсбук, со позадина од европски знамиња зад него, и тоа на само два дена по исчезнувањето на Вања

-Претседателски кандидат кој ја одразува визијата на поддржувачите на ЕУ е клучен за успешно претседателство, објави на Спасовски на Фејсбук.

И претходно запрашан дали се гледа како иден претседател, Спасовски не одрече.

-Персоналните решенија, личните амбиции, личните судбини воопшто не се важни, во однос на тоа што треба да добијат граѓаните и Македонија. Така да јас само размислувам колку е важно да останеме на вистинскиот, на европскиот пат, кажа Спасовски.

На списокот кандидати уште стои и актуелниот шеф на државата. Иако на прашањето дали размислува за уште еден мандат, Пендаровски првично одговори отсечно не, потоа се дообјаснуваше – ќе одлучел после нова година, а сега мислите му биле само со семејствата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Изборите се догодина, закажани за април и за мај, има доволно време после нова година да размислуваме за тие работи. Во овој момент моите мисли се насочени само кон семејството на настраданите и се разбира во рамките на мојата функција, изјави Пендаровски.

Остануваат отворени и прашањата дали СДСМ и ДУИ ќе одат заедно на изборите, Ковачевски не одоговри конкретно, но испрати индиректна порака до ДУИ, предизборно да се приклучеле во како што го нарече проевропскиот фронт. Ковачевски не знаеше ниту кој ќе биде негов наследник на предлог на ДУИ. Се уште не разговарал со Ахмети на оваа тема.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак соопштија дека започнале подготовките за парламентарните и претседателски избори, шеф на Републичкиот изборен штаб ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а кандидатот за претседател ќе биде избран на конвенција на втори март следната година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.