ДУИ била главен играч за враќање на Груевски, тврди Љубчо Георгиевски

news
Advertisement

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вечерва во интервју во вестите на Алсат изјави дека има информации оти ДУИ била дел од проектот за враќање на екс-премиерот Никола Груевски во земјава, па дури и главен играч во сето тоа.

Advertisement

„Го спомнувам ДУИ затоа што во сите оние муабети коишто излегуваат испаѓа дека ДУИ е еден од главните преговарачи во целиот тој процес.
-Мислите со Груевски?
„Па, да со Груевски…“, изјави Георгиевски.

Но, според него, проектот за враќање на Груевски пропаднал. Во пакет со планот за враќање на екс-премиерот тој оцени дека биле и измените на Кривичниот законик, а сè со цел да се создадат услови за да се донесат уставните измени. Но, освен што паднале судските случаи за многумина обвинети по избришаниот член на законикот, ништо друго од планот не се реализирало.

Сепак, Љубчо Георгиевски смета дека порано или подоцна уставните измени ќе бидат донесени.

ВМРО-Народна е дел од владејачкото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ.

Извор: https://alsat.mk/mk/dui-bila-glaven-igrach-za-vrakane-na-gruevski-tvrdi-lubcho-georgievski/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.