Куновска: Трагично е тоа што немаме менталитет кој учи од грешките

news
Advertisement

Куновска: Уставните измени мора да се случат или вака или со мали измени за страните да имаат некаква сатисфакција, мора но нема брзо да се случат.

Advertisement

Трагично е тоа што ние немаме менталитет со кој се учи од грешките, туку упорно и упорно удараме со глава во ѕид и заради тоа две полни декади откако станавме земја кандидат за ЕУ имаме нефункционални институции.

Уставните измени мора да се случат или вака или со мали измени за страните да имаат некаква сатисфакција, мора но нема брзо да се случат. Ние не само за ЕУ мораме посериозно да се занимаваме со реформите во општеството. Недозволиво е судството во една земја да биде гарантор на неказнивоста на криминалот и корупцијата во редовите на високата политика, а тоа за жал го имаме децении наназад. Влијае врз квалитетот на живеењето, а влијае и врз процесот на гласање, луѓето немаат мотив да излезат на гласање. Над половина од населението ако би имало шанса би се иселило од државата, главни причини се криминалот, корупцијата и немањето перспектива дека во догледен период може државата да биде пристојно место за живеење, рече Софија Куновска во вечерашната Само Вистина.

Извор: https://kanal5.com.mk/kunovska-tragichno-e-toa-shto-nemame-mentalitet-koj-uchi-od-greshkite/a611219

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.