ДУИ го поздрави усвојувањето на законите и порача:”КОРИДОРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ!”

news
Advertisement

Демократската унија за интеграција (ДУИ), преку соопштение до јавноста, ја поздравува денешната одлука на Собранието да ги одобри законите кои “го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д, најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата.”

Advertisement

“Денешната одлука на мнозинството пратеници, кои со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што ја има големата поддршка од Соединетите Американски Држави.”

“Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасна циркулација, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата, КОРИДОРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ!”, се нагласува во изјавата на ДУИ.

Според партијата, историјата денеска ќе ги памети оние кои гласаа „за“ правилна кауза за развој, како што ќе ги памети и оние кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните.

“Владата, чиј дел е Демократската унија за интеграција, има примарен фокус на реализацијата на коридорите и сите нејзини експоненти остануваат транспарентно отворени за јавноста на секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата.”, се вели во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.