ДУИ „пука“ на обвинителството, сака нејзин кадар да ја предводи борбата против организираниот криминал

news
Advertisement

Изборот за шеф на Јавното обвинителство за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција за првпат зависи од сите обвинители во државава, но наголемо се почнати лобирања и притисоци, а според „Фокус“, на позицијата сега претендира и Демократската унија за интеграција (ДУИ), која веќе има предлози за прв човек на обивнителството.

Advertisement

За неполн месец, на 7 ноември, обвинителите од целата држава ќе гласаат кој да биде новиот шеф на ова обвинителство, а ваквата опција, според „Фокус“ лесно би била изводлива доколку пред изборот се повлечат дел од пријавените кандидати или, пак, воопшто да не конкурираат, а како опција, на пример, останат еден или двајца кандидати.

Засега, само скопскиот обвинител Ермон Незири јавно кажа дека сака да застане на шефовската позиција во обвинителството кое треба да ја предводи борбата против организираниот криминал во државата.

Покрај досегашната шефица Вилма Русковска, која ја обзнани својата намера повторно да застане на чело на обвинителството, „Фокус“ дознава дека кандидатура поднела и Енѓелуше Кадриу Леши, актуелна обвинителка во оваа институција. И името на гостиварскиот виш обвинител Ислам Абази, според сознанијата на „Фокус“, е можно да се најде на листата на кандидати, пишува „Фокус“, кој во најновиот број на неделникот ги открива и другите можни кандидати.

Русковска се кандидира за втор мандат на чело на обвинителството, иако неделава беше и официјално обвинета за наводна злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување докази во случајот со претресот во Финансиската полиција. Таа беше пријавена од директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, по што републичкиот јавен обвинител ја суспендира Русковска, а Муареми во меѓувреме се повлече од позицијата.

Русковска вечерва во гостување на Телма рече дека токму пријавата и обвинението против неа ја мотивирало да оди на втор мандат за шефица во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.