ДУИ: Средбите со Заев и Груевски беа за помирување во Пржино, а со Мицкоски за Кривичниот закони

news
Advertisement

Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација, реагираа од ДУИ.

Advertisement

„Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани, но и преку злоупотреба на институциите, процесите во земјата, како и политичките партии и партиските лидери“, се истакнува во реакцијата.

Оттаму појаснуваат дека „во своето интервју, г-дин Али Ахмети зборуваше за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со г-дин Заев и г-дин Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето“.

„На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби.

Додека, измените во Кривичниот законик првично беа побарани од страна на ВМРО пред уставните измени за Договорот од Преспа.

Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање.

Ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од Европска Македонија“, истакнуваат од Демократската унија за интеграција.

Извор: https://frontline.mk/2023/09/20/dui-sredbite-so-zaev-i-gruevski-bea-za-pomiruva-e-vo-przhino-a-so-mickoski-za-krivichniot-zakonik/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.