Данела Арсовска во ноември ќе биде домаќинка на повеќе од 100 градоначалници

news
Advertisement

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември ќе биде домаќинка на повеќе од 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија, Град Скопје.

Advertisement

Горда сум што како градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на повеќе од 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот исток, Африка и што како платформа ќе почнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура“, истакна градоначалничката Арсовска при посетата на САД.

Во Вашингтон Арсовска имаше средба со амбасадор Нина Хачигиан, специјален претставник на Стејт депарментот во САД за градска и државна дипломатија.

Глобалниот парламент на градоначалници, преку вклученоста во Обединетите нации, ОЕЦД и бројни меѓувладини институции, ги промовира и спроведува предлозите на градоначалниците, црпи искуства од успешно спроведените активности од градоначалниците ширум светот, и гради политики со оглед на тоа што градовите со својот придонес од над 85% во БДП имаат клучна улога на глобално ниво.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.