Познати деталите и идентитетот на загинатиот во тешката сообраќајка – Мотор се заби во паркиран камион

news
Advertisement

На 20.10.2023 во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од товарно моторно возило „ман“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од Р.П.(43) од Прилеп.

Advertisement

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.