Косовските власти го депортираа игуменот Фотије (Александар Костовски) во Македонија

news
Advertisement

Косовските власти го депортираа игуменот Фотије (Александар Костовски) во Македонија

Advertisement

Од Рашко-Призренската Епархија, во која спаѓа и протераниот свештеник, обвинуваат дека косовските власти не се придржувале до Законот за верски слободи и противправно и произволно го протерале отец Фотије додека ги подигнувал веќе одобрените документи за престој

Отец Фотије, игуменот на манастирот на Српската православна црква (СПЦ), Девина Вода во Косово, вчеравечер е протеран од Косово во Македонија. Тој поднел барање за продолжување на престојот во Косово, по што бил депортиран. Службите во Приштина го притвориле со образложение “причини од национална безбедност”.

Како што објави порталот Коссев, отец Фотије, чие граѓанско име е Александар Костовски, е роден во Скопје во 1981 година. По завршувањето музичка академија во Софија, во 2004 година се замонашил во Косово во Епархијата на Српската православна црква. Во 2009 станал игумен на манастирот во близина на Звечан во северно Косово.

Од Рашко-Призренската Епархија, во која спаѓа и протераниот свештеник, обвинуваат дека косовските власти не се придржувале до Законот за верски слободи и противправно и произволно го протерале отец Фотије додека ги подигнувал веќе одобрените документи за престој.

„Во согласност со косовските закони, отец Фотиј, како граѓанин на Северна Македонија, кој како и другите свештеници од нашата епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните пет години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено“,

соопшти Рашко-Призренската Епархија.
Случајот го набљудувале и претставници на ОБСЕ кои, според СПЦ, не добиле објаснување од Приштина за протерувањето на свештеникот кој синоќа со полициска придружба е депортиран преку преминот Блаце

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.