Евростат: Лебот во ЕУ поскап од било кога

news
Advertisement

Европскиот завод за статистика ( Eurostat) објави дека лебот во ЕУ никогаш не бил поскап.

Advertisement

Евростат нагласува дека цените на храната нагло пораснале низ Унијата поради, како што наведоа, руската инвазија на Украина, која значително ги наруши глобалните пазари.

Во соопштението се потсетува дека Русија и Украина се главни извозници на житарки, маслодајни семиња и ѓубрива. Според податоците на Евростат, покрај лебот поскапеле и зеленчукот и месото, а особено нагло поскапеле маслото за јадење и мастите.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната минатиот месец беше 9,1 отсто, што е историски максимум, додека цената на лебот во ЕУ се зголеми за 18 отсто во однос на август 2021 година.

Најголем раст на цените е забележан во Унгарија (66 отсто), потоа Литванија (33 отсто), Естонија и Словачка (32 отсто). Хрватска е на петто место со пораст на цената од 31 процент.

Во меѓувреме, најниска просечна стапка на промена на цените на лебот е забележана во Франција, Холандија и Луксембург.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.