Д-Р ВРЧАКОВСКИ: СИТЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА И ОД НАС ЗАВИСИ ИДНИНАТА

news
Advertisement

„Јас сум Македонија, ти си Македонија, сите сме Македонија. Иднината на Македонија и идентитетот зависи од интелектуалниот капацитет на граѓаните на Република Македонија. Ако творите, ако создавате, кој може да ве спречи да го освоите целиот свет со своето умеење и знаење? Својата уметност да ја префрлите на било кој дел од континентот? Апсолутно никој. И вие сте Македонија. И тогаш ќе кажат ова е тој, доаѓа од Македонија. Го губам идентитетот? ‘’ – рече проф. д-р Миодраг Врчаковски за интервјуто на „Трн.мк’’

Advertisement

Д-р Врчаковски јасно ја посочи пораката за нашиот македонски идентитет, без разлика каде и да одиме ние секогаш себеси се носиме затоа што нашиот идентитет е во наште души и корењата на македонскиот народ се длабоко распространети низ светот.

„Иднината на Македонија зависи од интелектуалниот капацитет на граѓаните на Република Македонија. До иднината се стигнува преку минатото. Ако имате вистинско минато вие ќе имате и иднина, ама таа ние си ја создаваме самите. Од нас зависи, не зависи од никој друг. Македонскиот идентитет ќе го изгубиме ли? Тоа е општа тема сега или нема да го изгубиме. А бе луѓе божји, никогаш македонскиот идентитет нема да се изгуби, затоа што нашиот идентитет е во мојата душа’’ – рече Д-р Врчаковски.

Во текот на интервјуто за „Трн.мк’’ д-р Врчаковски откри дека клучот за успехот се крие поедичено во секој еден од нас – само треба да бидеме упорни за го најдеме зрното бисер коешто се крие некаде длабоко во нас. Упорноста е таа којашто го носи човекот до успехот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.